Камења конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Камења

  • st
  • Единица од:

    • Тежина

    Употреба во целиот свет:

    • Каменот се употребува и во коњските трки за да ја опише тежината која коњот ја носи (не само џокејот, оваа тежина може да вклучува пенали и слично).
    • Каменот сè уште од навика се употребува за да ја искаже човековата телесна тежина во некои спортови во Обедиентото Кралсто и Ирска, како што се бокс и борење.
    • Британец или Ирец вообичаено би ја искажале нивната тежина во камења и фунти (пр. 12 st 6 lbs) наместо само во фунти како што тоа би бил случајот во Соединетите Американски Држави (174 lbs).
    • Каменот сега се употребува скоро исклучиво во Обединетото Кралство и Ирска, како популарен - или неформален - начин на изразување на тежината на човек. Каменот не се признава официјално како единица за тежина во Обединетото Кралство од 1985 година.

    Опис:

    Каменот е единица за тежина во империјалниот систем кој се употребува неформално во Обединетото Кралство и Ирска, скоро исклучиво како мерка за телесна тежина. Иако е санкционирано од ЕУ да се употребува како дополнителна единица во суштина е застарена надвор од Обединетото Кралство и Ирска.

    Дефиницја:

    Камен е единица за тежина еднаква на 14 фунти авоардипоа (или меѓународни lbs). Следствено, ова го прави каменот еднаков на 6,35029кг.

    Потекло:

    Името 'камен' е изведено од праксата за користење на камења како тегови, вообичаена пракса низ светот два милениума или повеќе.

    Фактичката единица на каменот често била употребувана како мерка за тежина во трговски цели низ Европа до 19-от век кога повеќето држави го усвоиле метричкиот систем, сепак, реалната тежина на каменот варирала од земја до земја, од регион до регион, па дури и во зависност од она што било мерено или со кое се тргувало.

    Во 1389 година во Англија еден камен волна било дефинирано дека тежи четиринаесет фунти, и иако еден камен од други материјали можел да тежи многу повеќе или помалку (во фунти), во општата употреба било прифатено дека тежината на каменот е еднаква на 14 lbs.

    Општи референци:

    • Жена со висина од 5ст 8’’ (173см)  со просечна градба би се претпоставувало дека тежи помеѓу осум и дванаесет камења.
    • Маж висок 6 ст 0’’ (183см) со просечна градба нормално би тежел помеѓу десет и тринаесет камења.

    Множители:

    • 2 камена = 1 четвртина
    • 8 камени = 1 цента
    • 160 камени = 1 долг тон