Фунти конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Фунти

  • lb
  • lbm (фунта-маса - научно) 
  • Единица од:

    • Маса
    • Тежина ( во не-научни работи)

    Употреба во целиот свет:

    • Обединето Кралство, САД, Австралија, Канада, Нов Зеланд и др.

    Опис:

    Фунтата е мерка за маса која се употребува во империјалниот систем, и е прифатена во секојдневието како единица за тежина (гравитациската сила дејствува на даден објект).

    Дефиницја:

    Империјалната (авоардипоа, или меѓународна) фунта е официјално дефинирана како 453,59237 грами.

    Потекло:

    Името фунта е усвоено од латинската фраза libra pondo, или фунта тежина, Римската libra (оттука и симболот lb) тежела приближно 329 грамови.

    Низ историјата фунтата (или нејзиниот локален превод) се употребувала како мерка за тежина во многу различни делови од светот, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, Франција, Германија, Скандинавија и Русија. Иако точната маса дефинирана како фунта варирала од систем до систем, тие биле во голема мера слични, обично меѓу 350 и 560 метрички грамови.

    Во Обединетото Кралство бројни различни системи кои ја користат фунтата коегзистирале, иако авоардипоа фунтата (позната и како волнена фунта) е најчесто употребувана и најдолготрајна (скратена на lb av или lb avdp). Една варијација која сè уште се употребува денес е тројанска фунта (приближно 373гр.), најчесто како мерка за маса на благородни метали.

    Законот за тежини и мерки на Обединетото Кралство од 1878 година прво ја дефинирал империјалната фунта во однос на метрички единици (1lb = 453,59265гр), а во 1983 година Менденхал редот ја дефинираше американската фунта со опишување на килограм како еднаков на 2,20462 фунти.

    Соедиетите Американски Држави и земјите од Комонвелтот на нации се договорија за заеднички дефиниции за фунтата (и јардот) кои биле усвоени во 1959 година (Обединето Кралство 1964 година).

    Општи референци:

    • Во земјите од англиско говорно подрачје телесната тежина вообичаено се искажува во камења и фунти, иако во Соединетите Американски Држави таа вообичаено се искажува само во фунти. 
    • Во Обединетото Кралство и Ирска, храната што се продавала во фунти пред да се прифати метричкиот систем, сè уште се продава во количества еднакви на стариот империјален стандард, како на пример путерот кој најчесто се продава во пакувања од 454гр (1lb) 
    • Риболовците често ја изразуваат големината на уловената риба во фунти и унци.
    • Шекспировиот лик Шејлок бил познат по тоа што барал „фунта месо“ како депозит за дадениот заем.

    Контекст на употреба:

    Во научни примени фунтата се употребува за да опише маса, додека во секојдневната употреба се гледа како мерка за тежина. И покрај широката прифатеност на метричкиот систем на тежини и мерки, фунтата и понатаму се употребува во англиското говорно подрачје.

    Фунтата во минатото била средство за опишување на тежината на сачмата или гранатите кај оружјата, а самите оружја се нарекувале според муницијата која ја испукувале, како на пример 32-фунти.

    Во Обединетото Кралство и Америка фунтата се употребува и за искажување притисок, со фунти на квадратен инч (p.s.i.) како прифатен стандард.

    Составни единици:

    • Има шеснаесет унци  на една фунта, иако историски (и официјално), фунтата беше дефинирана дека се состои од 7.000 тројански зрна(gr) додека не се имплементираше меѓународниот стандард во 1959 година.

    Множители:

    • 14lb = 1 камен
    • 28lb = 1 четвртина (четвртина од една долга цента)
    • 112lb = 1 долга цента
    • 2240lb = 1 тон (империјален, или долг тон)