Квадратни стапки конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Квадратни стапки

Скратеница/Симбол:

  • кв ст
  • ст²
  • При описот на архитектура или недвижнина, квадратната стапка често се претставува како квадрат со една линија или црта низ него.

Единица од:

  • Површина

Употреба во целиот свет:

  • Квадратната стапка се употребува главно во Соединетите Американски Држави, Канада и Обединетото Кралство како мерка за површина.

Опис:

Квадратната стапка е единица за површина која се употребува во империјаниот и стандардниот систем за мерки на САД.

Квадратната мерка е дводимензионалниот дериват на линеарна мерка, па така една стапка на квадрат се дефинира како површина на квадрат со страни 1 ст во должина.

Дефиницја:

Во метрички однос квадратна стапка е квадрат со страни од 0,3048 метри во должина. Една квадратна стапка е еднаква на 0,09290304 квадратни метри.

Општи референци:

  • Шестте ката на Белата куќа (Вашингтон, САД) заедно имаат површина на подовите од приближно 55.000 квадратни стапки.
  • Во 2003 година просечната новоизградена куќа во Обединетото Кралство имала поден простор од 818 ст², додека новоизградена куќа во Соединетите Американски Држави во просек вила речиси трипати поголема, со поден простор од 2.300 ст².

Контекст на употреба:

Квадратната стапка примарно се употребува да означи површина во архитектурата, недвижнина и планови за внатрешен простор.

Квадратни стапки може да се употребуваат да се опише простор на која било површина како што е план за под, ѕид или покрив, додека арите се употребуваат исклучиво да опишат простор на една парцела земја.

1 квадратна стапка = приближно  0.000022959 ари.

1 ар = 43.560 квадратни стапки.

За да се пресмета површината на соба во квадратни стапки, се мери должината и ширината на собата во стапки, потоа се множат овие цифри заедно за да ја дадат површината во ст².

На пример, соба чии мерки се 12 ст х 15 ст ќе биде опишана со површина од 180 ст² (12 x 15 = 180).

Кога се употребуваат квадратни стапки важно е да се запомни дека цифрите во квадратни стапки на вкупната површина на даден простор, не се реалните димензии на тој простор. На пример, собата која е опишана дека има 20 ст²  нема мерки од 20 ст х 20 ст, ( што всушност би било соба со 400 ст² ). Всушност, собата со страни кои изнесуваат 4 ст х 5 ст ќе има површина од 20 ст².

Составни единици:

  • 1 ст² може да се подели во 144 квадратни инчи (Кв. In - или квадрати со страни кои изнесуваат 1 инч).

Множители:

  • 1 квадратен јард (Кв Јд) = 9 ст²
  • Еден јард е три стапки, оттука, квадратен јард може да се замисли како квадрат со страни од по три стапки, или квадратен блок кој се состои од девет индивидуални квадрати со страни од по една стапка во должина.