Парсек конверзија

Користете го полето за пребарување за да го најдете посакуваниот метрички конвертор

Парсек

  • пс
  • Единица од:

    • Астрономска должина/растојание

    Употреба во целиот свет:

    • Глобален

    Опис:

    Парсекот е единица за должина еднаков на околу 20 трилиони  (20.000.000.000.000) милји, 31 трилион километри, или 206.264 пати од растојанието од земјата до сонцето.

    Парсекот е исто така еднаков на приближно 3,26 светлосни години (растојанието на патувањето ако се патува со брзина на светлината три години и три месеци).

    Дефиницја:

    Астрономите употребувале тригонометрија да го пресметаат растојанието до ѕвездите многу пред да се измисли терминот парсек, но новата единица го олесни концептуализирањето на незамисливите растојанија.

    Парсек е растојание од сонцето до астрономски објект кој има агол на паралакса од една лачна секунда (1/3600 од степен). Аголот на параксата се наоѓа со мерење на паралакса во движење (или очигледно движење на ѕвезда во однос на стабилни, подалечни ѕвезди) кога ѕвездата се набљудува од спротивните страни на Сонцето (интервал од шест месеци на Земјата).

    Потекло:

    Терминот парсек е кованица од британскиот астроном Херберт Хол Тарнер од 1913 година. Единица за растојание корисна за астрономијата која била дефинирана, но немала име, а Кралскиот астроном апелирал за предлози. Оној на Тарнер се прифати - парсек, кој е изведен од дефиницијата на единицата за растојание од сонцето до астрономски објект кој има агол на паралакса од една лачна секунда.

    Општи референци:

    • Проксима Кентаур - најблиската ѕвезда до Земјата после Сонцето е оддалечена 1,29 парсеци.
    • Центарот на Млечниот пат е над 8kpc од земјата.

    Контекст на употреба:

    Астрономија - парсекот е релативно мала единица во астрономски поглед, и покрај огромното растојание кое го опишува. Мегапарсекот (Mpc) вообичаено се користи да опишува растојанија од еден милион парсеци.

    Составни единици:

    • ниеден 

    Множители:

    • килопарсек (кпс) – 1.000 пс
    • мегапарсек (Мпс) - 1.000.000 пс
    • гигапарсек (Гпс) - 1.000.000.000 пс